Под мотото „Стоп за нечесно пазарно однесување“, денеска во Охрид ќе се одржи јавна трибина посветена на измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите.

Трибината што ја организира Здружението на потрошувачи на Охрид, ќе се одржи во 12 часот во малата сала на општина Охрид.

Предавач на трибината ќе биде правниот експерт Епаминонда Главинец.

OhridNews