Стопанската комора на Македонија во петок на 5-ти декември 2014 година, во општина Охрид ќе организира еднодневна обука за подготовка и аплицирање на Европски проекти и Запознавање со новите Европски програми 2014-2020 кои се достапни за компаниите.

-Стопанската комора на Македонија од досегашното искуство во работењето со ЕУ како и со други видови на фондови и фондации, утврди дека создавањето на капацитети за апсорпција на овие фондови е од суштинско значење особено за бизнис секторот. Со цел да ги подобриме капацитетите за работа со овие фондови на земјите кои претендираат да бидат дел од ЕУ,  овозможуваме детална и сеопфатена обука со теоретски и практични знаења кои се применливи во најразлични организации и е наменета за приватниот сектор, универзитети, невладини огранизации и слично, информираат од Стопанската комора.

Рокот за пријавување за обуката во Охрид истекува утре, а повеќе информации околу котизацијата за учество може да се најдат на веб страницата на Стопанската комора на Македонија.

OhridNews