На 43 годишниот Ристе Јованоски кој е глувонем и живее сам во трошна куќа во напуштеното село Шипокно на планината Галичица, животот му се промени по објавувањето на потресната сторија за него на „OhridNews“ и националната телевизија „Телма“. Помош присигна од повеќе страни, а благодарение на лајанс клубот „Лихнидос“ и хуманиот гест на член на оваа невладина организација, Ристе кој живееше од скромни средства кои ги добиваше како технолошки вишок по затворањето на специјализираната фирма во која работел, сега одново има работа.
-Сега имам работа, а Центарот за социјална работа ми даде еднократна помош. Добро е на 1ви чекам плата се надевам се ќе се промени на подобро.-изјави Ристе Јованоски.
Ристе Јованоски
Ристе и натаму секојдневно пешачи по неколку часови низ планина до регионалниот пат за Охрид, од каде повторно благодарение хуман гест на лајанс клубот „Лихнидос“ сега може бесплатно да го користи јавниот превоз. На работното место секогаш стигнува на време и е омилен меѓу колегите од кои добива неизмерна поддршка. Во Новата година тој посакува да изгради дом поблиску до градот и се надева дека неговата желба ќе се исполни.
-Јас живеам во село далеку. Имам мало местенце каде сакам да си направам едно мало сопче каде ќе можам нормално да живеам.-рече Ристе.
Ристе со колегите
Ристе живее сам во селото Шипокно, откако неговата мајка која се грижела за него починала пред 4,5 години. Во куќата на Ристе нема апарати за домаќинство, а слабата струја е доволна само за сијалица. Голем проблем му претставува и тоа што во селото нема ни вода за пиење, па мора секојдневно да оди на извор во планината. И покрај тешките услови за живот Ристе не се откажува. Тој верува во подобро утре и се надева дека еден ден ќе има подостоинствен живот.
Горан Момироски
Медиумската сторија за Ристе Јованоски ги мобилизира институциите, најавена е конкретна помош