До општинската комисија пристигнале близу 500 барања за штети кои ги утврдуваат стручни тимови.

Струшните лица укажуваат дека освен старите градби, нема сериозно оштетени објекти во Охрид во серијата потреси што го тресат градот речиси еден месец. 

Неодамна општината најави дека поднела барање до министерството за транспорт и врски, дел од државните градежни инспекциски служби да извршат увид во стариот дел од градот на напуштените стари објекти, а проценка се врши и на оштетните стари градби во кои се живее. 

Според стручните лица тлото во Охрид полека се смирува, но не може да се предвиди кога ќе престанат земјотресите, кои последните денови се со слаб или умерен интензитет. 

OhridNews