Слоганот на овогодинешната билборд-кампања ќе биде “Македонија-патување низ времето“, а со неа ќе бидат опфатени Тирана, Белград, Софија, Љубљана, и за првпат Приштина, изјави директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Зоран Стрезоски.
-Очекуваме Македонија преку оваа кампања да се етаблира како туристички бренд во соседството, особено во таргетираните држави, истакна Стрезоски. Тој појасни дека во секој од посочените градови ќе бидат поставени по дваесеттина билборди, со различни димензиии и мотиви од културно-историското и природното богатство на Македонија.
Стрезоски најави дека рекламни билборди ќе бидат поставени и во главниот град на Русија, од каде годинава се очекуваат првите чартер-летови со руски туристи, што ќе летуваат во Македонија во периодот од крајот на јуни до крајот на август.
Зоран Стрезоски
Стрезоски очекува примерот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот да го следат и локалните самоуправи кои според него треба да ги рекламираат туристичките можности на своите градови во републиката.
Билборд кампањата започнува на 10 мај.