Бранителот на трофејот Манчестер Јунајтед никако да ја пронајде вистинската форма, во Премиер Лигата “црвените ѓаволи“ уште еднаш ги разочараа своите навивачи на “Олд Трафорд“ ремизирајќи со Њукасл 1-1. Чичарито ги доведе “бебињата“ во водство додека Ба од пенал донесе голем бод за “страчките“.

За избраниците на Андре Вилаш Бојаш беа доволни 45 минути да го демолираат Волфс. Прв мрежата ја начна Џон Тери, младинскиот репрезентативец на Анлгија, Стариџ продолжи додека конечните 3-0 ги постави Хуан Мата.

Резултати: Мен Ју – Њукасл 1-1, Челси – Волфс 3-0, Стоук – Блекбурн 3-1, Болтон – Евертон 0-2, Норвич – КПР 2-1, Сандерленд – Виган 1-2, ВБА – Тотенхем 1-3, Арсенал – Фулам

Табела : Мен Сити 34 (-1), Мен Ју 30, Тотенхем 28, Њукасл 28, Челси 25, Ливерпул 22 (-1). . .

Мх.П.