Странец починал во Скопје, а надлежните се уште истражуваат дали се работи за вирусот ебола, јавува „Телма“.
Според првичните информации тој бил сместен во хотел во трговскиот центар Мавровка. Утрината му се слушило и во тешка состојба бил однесен на Инфективната клиника, каде по неколку часа починал.
Бидејќи симптомите за лекарите биле сомнителни за вирусот ебола веднаш бил блокиран трговскиот центар .
Се очекува надлежните од Инфективна клиника да соопштат детали околку болеста на странецот и првичните сознанија од што починал.
„Телма“