
Полициски службеници излегле на местото и било констатирано дека се работи за С.Х.Б.Х.(68) од Малезија, кој заедно со неговата сопруга во Охрид пристигнале на 30.11.2018 година. Околу 01.00 часот му се влошила здравствената состојба, а по пристигнување на екипата од Итната медицинска помош била констатирана смрт без траги на насилство, информира портоаролот на СВР Охрид Стефан Димовски.
По наредба од Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на сопругата.











