Странски и домашни експерти ќе го развиваат еко-туризмот на Галичица
20.05.08 14:13
Претставници на Факултетот за туризам и угостителство – ФТУ од Охрид и Националниот парк „Галичица“ денеска потпишаа Меморандум за разбирање. Со меморандумот се предвидува соработка помеѓу овие две институции во развојот на спортскиот, културно-историскиот и еко туризмот, како и едукација и обука на туристички водичи и агенции. „Целта е Националниот парк „Галичица да биде ставен во функција на туризмот“, истакна на потпишувањето, Зоран Ангелоски, раководител на НП „Галичица.
НП Галичица и ФТУ потпишаа меморандум за соработка
Професор д-р Сашо Коруноски, од ФТУ – Охрид истакна дека потпишувањето на меморандумот за разбирање, претставува голем исчекор за факултетот кој има научен и стручен потенцијал кој чека да се докаже и помогне. Стручниот тим од ФТУ – Охрид заедно со експерти од странство ќе биде вклучен во научното истражување на потенцијалите на националниот парк што ќе се спроведе во периодот од јуни до септември оваа година. Целта на истражувањето е да се утврдат состојбите и насоките на идниот развој на националниот парк како туристичка атракција, истакна Никол Хослер. Таа и Фил Дитрих се експерти-консултанти на германската КФВ банка за обнова и развој која го подржува проектот за заштита и промоција на туристичките потенцијали на националниот парк Галичица. Според странскиите експерти Галичица има извонредни можности за развој на еко туризмот, што во голема мерка ќе ја збогати и надополни туристичката понуда на Охрид која сега се сведува само на плажите и Езерото.
Галичица има голем туристички потенцијал смета научната јавност
Времето денеска ќе биде сончево и топло Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец Максималната температура во Охрид ќе достигне 26 степени Сончево и топло време не очекува и во наредните денов...
Продуцентската куќа Трето Уво го најавува 14-то издание на Фестивалот „BALKAN MUSIC SQUARE“ во Охрид Првата вечер на фестивалот се одржa во Скопје на 3-ти Јуни со настап на студентите од џез академ...
Ноќеска во 0040 часот во полициска станица во Охрид 25-годишен неготинчанец пријавил дека претходнo вечерта околу 23,00 часот во хотелски објект во населбата „Свети Стефан“ бил физички нападнат од ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.