Неколку десетици странски студенти, денеска, одржаа мирен протест во центарот на Струга, во знак на поддршка на силите на отпорот во курдскиот град Кобане во Сирија, кoи изминативе месеци водат жестоки битки со војските на Исламската држава, која прогласи калифат во овој дел од поделената земја.
Учесниците во протестот истакнаа пароли испишани на повеќе јазици и пееја песни во знак на поддршка на силите на одбраната на Кобане.
Протестот траеше кусо време и мина без инциденти.
OhridNews