До месец мај оваа гoдина имаме за 8 отсто повеќе туристи отколу
минатата која беше рекордна, а таквиот тренд ќе продолжи и натаму да расте, изјави премиерот Груевски, вчера во Скопје.

Премиерот истакна дека согласно најавите на тур-операторите од Холандија оваа година на охридската ривиера ќе одмараат околу 15000 гости од оваа земја, а наредната година тој број ќе се зголеми за дополнителни 5000. За зголемување на бројот на странски туристи според Груевски придонесуваат и мерките кои се преземаат од страна на владата.

-Се изгради нов аеродром од над 100 милиони евра во Скопје, концесија на
ТАВ, во Охрид се реконструираше аеродромот, а наскоро ќе  започне и
субвенционирањето на нови авионски летови кои од октомври ќе носат зголемен број на туристи, рече
Груевски.

Тој најави изградба на нови хотели посочувајќи дека за таа намена се продадени повеќе лоакции преку јавен тендер.

За разлика од странските, бројот на домашни туристи во Охрид бележи намалување, рече Груевски, според кого вината за таквата состојба треба да се бара во лошото менаџирање на општината.

– Имаме сериозно потфрлање на домашните туристи годинава во Охрид.
Градоначалникот на Охрид ќе мора нешто да смени, но за жал веќе нема
многу време за да смени и веројатно тој ќе биде сменет. Ќе мора тој што
ќе дојде на негово место да промени многу работи и да понуди многу  нови
работи за да се привлечат не само странските туристи што ги носи
Владата, туку да се врати и виниманито на поголем број домашни туристи, истакна Груевски.

OhridNews