Од министерството за внатрешни работи информираат дека, вчера, околу 09.35 часот во Полициската станица во Струга, од струшката Општа болница било пријавено дека во Интерното одделение биле донесени тројца странски државјани, еден од Холандија и двајца од Израел, сместени во хотел на струшкото крајбрежје.

Странските туристи се пожалиле на труење од храна што ја консумирале во хотелот.

По укажаната лекарска помош, истите се пуштени на домашно лекување.

За случајот запознаени се Јавен обвинител и Државниот санитарен инспекторат.

OhridNews