Во рамки на Програмата за поттикнување на развој на туризмот, општина Охрид, од утре до 6- ти април, организира  промотивна тура „ Охрид 2014 “, на која ќе присуствуваат туроператори, претставници од туристички агенции и медиуми од Турција, Албанија, Србија, Бугарија, Русија и Косово.
Гостите на промотивната тура , ќе ги прими  градоначалникот Никола Бакрачески, а во хотелот „ Милениум“ гостите ќе остварат средби со туроператорите и хотелските субјекти од Охрид.

Според планот на промотивната тура, учесниците ќе ги посетат најзначајните културни и туристички локалитети на градот и руралните средини, а ќе се запознаат со можностите за развој на алтернативниот туризам.

OhridNews