Во пресрет на предвремените парламентарни избори, влијателните странски дипломати ја користат секоја можност да ни укажат на тоа колку е значајно тие да бидат фер, слободни и демократски.

„Ги охрабрувам сите граѓани да учествуваат на изборите, да излезат и да гласаат, за да запаметат и да знаат дека нивниот глас е таен. Нема место на овие избори за заплашувања или мешање. Граѓаните треба да излезат и да го дадат својот глас според нивната визија и желба за иднината“, изјави вчера амбасадорот на САД во Македонија, Филип Рикер.

Претстојните избори ќе ги следат над 300 странски и 3500 домашни набљудувачи.

OhridNews