Странските туристи кои сакаат да рекреативно да ловат риба на Охридското или на другите езера и акумулации во Македонија, не можат да го прават тоа затоа што на сила сеуште е забраната за риболов на сите водни површини во земјата, укажуваат спортските риболовци. Со овој проблем, велат тие, деновиве се соочуваат и холандските туристи кои залудно барале да извадат дозвола за рекреативен риболов.

– Според важечките законски прописи спортскиот односно , натпреварите  во спортско риболов во сите дисциплини е дозволен, а рекреативниот риболов на Охридско  Езеро е забранет. Пасионираните гости од Холандија кои деновиве побараа од клубот  да извадат риболовна дозвола и да се рекреираат во риболовно подрачје Охридско Езеро ловејќи риба, неможеа да сфатат како може во туристички места како Охрид , Дојран и Преспа може и смее  да биде забранет секој вид на рекреативен риболов. Тие беа револтитрани зошто носеле риболовна опрема од Холандија, а нема каде да ја задоволат својата риболовна страст.-изјави Радован Димитриески, од спортско риболовниот клуб „Рибарска Вистина“

Тој посочува дека во Европа има над дваесет и пет  милиони рекреативни триболовци, а во Македонија се уредно регистрирани над шеснаесет илјади активни риболовци кои својата страст сега мора да ја задоволат надвор од државата со туристички аранжмани во земји каде рекреативниот риболов не е забранет.

OhridNews