
„Не очекувавме толку високи цени во Македонија да се плати за хотелска соба во Маврово која чини 120 евра за едно ноќевање, тоа е многу поскапо од некои други земји во западна Европа. Тоа би требало да се смени“, вели туроператорка од Франција.
Позитивен впечаток им оставила природата и руралниот туризам, културните вредности, храната и гостопримството на македонските граѓани.
„Работите што треба да се подобрат и да се фокусираме на нив се инфраструктурата, услугите и информациите од областа на туризмот“, рече Фатмир Бесими, министер за економија.
Тој додаде дека најмногу туристи во Македонија има од регионалните земји како што се Албанија, Србија и Бугарија, но постепено расте и бројот на туристи од ЕУ.
Министерот потенцираше дека потребо е да се достигне бројката од милион туристи на годишно ниво, како што било во минатото.
Во текот на изминатата недела новинари и туроператори од Словачка, германија, Франција и Чешка ги посетија дел од туристичките дестинации во Македонија, како што се Маврово, Галичник, Тиквешијата и Охрид.
извор: Makfaks












