Намалување на високите цени, подобрување на инфраструктурата и недостигот на чартер летови, се забелешките на новинарите и тур-операторите од земјите – членки на Европската Унија кои во изминатите пет денови беа во посета на Македонија.

„Не очекувавме толку високи цени во Македонија да се плати за хотелска соба во Маврово која чини 120 евра за едно ноќевање, тоа е многу поскапо од некои други земји во западна Европа. Тоа би требало да се смени“, вели туроператорка од Франција.

Позитивен впечаток им оставила природата и руралниот туризам, културните вредности, храната и гостопримството на македонските граѓани.

„Работите што треба да се подобрат и да се фокусираме на нив се инфраструктурата, услугите и информациите од областа на туризмот“, рече Фатмир Бесими, министер за економија.

Тој додаде дека најмногу туристи во Македонија има од регионалните земји како што се Албанија, Србија и Бугарија, но постепено расте и бројот на туристи од ЕУ.

Министерот потенцираше дека потребо е да се достигне бројката од милион туристи на годишно ниво, како што било во минатото.

Во текот на изминатата недела новинари и туроператори од Словачка, германија, Франција и Чешка ги посетија дел од туристичките дестинации во Македонија, како што се Маврово, Галичник, Тиквешијата и Охрид.

OhridNews
извор: Makfaks