На плажата „Потпеш“ во месноста Канео, во недела, 29-ти јуни, ќе се одржи свадбена церемонија, поради што објектот во периодот од 16 до 00 часот ќе биде резервиран за гостите на приватната весеба. Младенците се странци кои решиле токму во Охрид да ја овековечат нивната љубов.
-Молиме за разбирање, а воедно ги замолуваме нашите гости и туристите во овој период да се воздржат од поминување по Мостот на желбите и посета на плажата „Потпеш“ во Канео.-известуваат од плажата „Потпеш“.
Менаџментот на познатиот угостителски објект информира дека со стандардната понуда плажата „Потпеш“ продолжува нормално да работи од понеделник, 30-ти јуни.
Охрид последните години станува се поинтересна дестинација за свадбен туризам. Свадбени церемонии се организираат на Охридското Езеро, но и на интересни локации како Античкиот театар, Плаошник, Св. Наум, Канео, а приказната за убавините на Охрид патува на сите страни во светот.
OhridNews