Странските екипи очекуваат интересни и неизвесни натпревари на Струшкиот ракометен турнир кој од денес до сабота ќе се игра на “Женска Плажа“ во Струга. Акцентот ќе биде ставен и на уигрување на екипте во пресрет на новиот шампионат.
– За прв пат сум во Струга но не и во Македонија каде игравме пријателски средби со репрезентацијата на Црна Гора. Ова за мене е прва сезона во Динамо Минск и оваа сезона доста се очекува од нас. Играме квалификации за Лигата на шампиони, така што овој турнир ќе биде добродојден. Екипата е промената имаме неколку нови играчи така што играњето овде ќе ни биде добредојдено. Нашите противници се непознаница, но очекувам да ја искористиме можноста што подобро да се уиграме на овој доста силен ракометен турнир – рече Шаваљевич Васко од Динамо Минск.
Прв пат на турнирот ќе игра и хрватскиот интернационалец Љубо Вукич, кој од Загреб се пресели во Мешков Брест, тим кој го елиминираше лани битолски Пелистер во мечевите од Купот на ЕХФ.
– Драго ми е што сум овде во Струга и моите први впечатоци се доста позитивни. Јас сум еден од неколкуте новајлии во клубот, па овој турнир ќе го искориситиме што подобро да се уиграме во пресрет на новата сезона. Најважно во моментов е да ја подобриме играта и резултатите сами по себе ќе си дојдат. Имаме квалитетен состав, не како оној во Загреб но момците се добри, одлично сум прифатен и очекувам добар ракомет во овие неколку дена во Струга – рече Вукиќ.
Романската ракометна школа ќе ја преставува Дадеман Бакау кој се во домашниот шампионат се обидува да го превземе приматот од Костанца. Пивотменот на националниот тим на Романија и Дадеман , Нованк Мариус очекува интересни и неизвесни мечеви.
– Прв пат сум овде, додека мојот тренен е неколку пати гостин со тимот на Динамо Букурешт. Ја погледнав конкуренцијата и гледам дека се тука неколку квалитетни екипи, па очекувам неивезни и интересни мечеви на ракометниот турнир. Не очекува доста долга и тешка сезона, па овој турнир во Струга во овие услови овде е одлична можност за силни тест средби – истакна Мариус.
фото Емилио
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com