Фудбалерот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро ќе отсуствува најмалку два месеци од зелените терени, откако претрпе тешки телесни повреди после сообраќајката во Амстердам.
Аргетинскиот репрезентативец во Холандија бил на концерт од колумбискиот печај и текстописец Малума и на враќање таксито кое го превезувало фудбалерот од аеродром изгубило контрола и се удрило во столб покрај патот.
Напаѓачот има неколку скршени ребра и внатрешно крварање, а од поголеми повреди го спасил сигурносниот појас со кој бил врзан на предното седиште.
Манчестер Сити в сабота ќе се сретне со Челси во дербито на колото, а отсуството на Серхио Агуеро од тимот ќе биде голем проблем за менаџерот на „граѓаните“, Пеп Гвардиола.
OhridNews