Најмалку осум лица ги загубија животите, а голем број се повредени во силниот земјотрес со јачина од 6,4 степени според Европската макросеизмичка скала, што рано утрово во 4 часот, го погоди регионот на градот Драч во соседна Албанија.

Според првичните информации кои ги пренесуваат тамошните медиуми, урнати се многу објекти, а големи штети има и во главниот град Тирана, каде од утрово не работи аеродромот. Во прекин е и снабдувањето со електрична енергија.

Се стравува дека бројот на загинати и повредени во земјотресот не е конечен. Во тек е спасувачка мисија, а помош на Албанија и испраќаат земјите од регионот.

OhridNews