Стратегот на Вардар, Раул Гонзалес Гутиерез е новиот селектор на македонската ракометна репрезентација. 47-годишниот стратег со едногласна одлука од Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија (РФМ) беше одбран за наследник на Лино Червар кој замина после шест месеци од националната селекција.
– Прво сакам да заблагодарам на претседателот на Вардар, Самсоненко кој ми овозможи да бидам селектор, на раководството на РФМ за укажаната доверба. Горд сум што ќе бидам селектор на Македонија. Ќе се вложам максимално како и секогаш. Кога си тренер сакаш да пробаш со многу играчи. Мислам дека нема да биде тешко вклопувањето бидејќи знам македонски и работам во близина. Не знам дали ќе го вратам Борко Ристовски бидејќи не сум целосно запознаен со ситуацијата, но, набргу ќе се реши тоа. Јас лично сметам дека можам да дадам добра работа за репрезентацијата. Ќе зборувам со сите играчи, ќе дадам сто посто како и секогаш. За стручниот штаб дополнително ќе разговараме. – изјави после промоцијата Раул Гонзалес.
РФМ со тренерот на „црвено црните“ потпиша договор до 2020 година. – Ние во претходниот период бевме ангажирани да најдеме нов слекетор на Мкаеоднија и можам да констатирам дека едногласно одлучивме нов селектор да биде Раул Гонзалес. Морам да истакнам дека наш селектор ќе биде еден модерен и светски тренер, кој секоја година има се подобри резултати со Вардар. и се ндевам дека добрата работа оттаму ќе ја пренесе и во националниот тим. – потенцираше првиот човек, Живко Мукаетов.
Прв и главен приоритет на новиот стратег ќе биде пласман на Европското првенство во Хрватска кое на програмата е следната година.
OhridNews