Под будното око на координаторот во младинските селекции, Зоран Стратев кандидатите за фудбалската паралелка одиграа контролни натпревари.

– Има голема желба и квалитет кај сите дечиња и сигурно дека во Охрид ќе функционира одлично фудбалската академија. Целта на оваа академија да избереме, а потоа и да создадаме фудбалери кои ќе ги бранат боите на Македонија – рече Стратев.
Охрид е само дел од неколкуте градови во Македонија кои ќе добијат академии во два спортови.
– Охрид има одлични предуслови за вакви академии и уверен сум дека ова ќе биде нов успешен почеток за спортот во градот и Македонија – додаде Стратев.
Мх.П.










