Македонскиот преставник Работнички во Лигата Европа претпре убедлив 2-0 пораз од Ливерпул. Стрелец на двата гола за најтрофејниот англиски тим беше Давид Н`гонг. По поразот,  тренерот на Работнички Зоран Стратев вели дека потајно посакувал позитивен резултат, но дека Ливерпул е едноставно пресилен противник за македонски тим.


 – И без своите првотимци Ливерпул е Ливерпул. Ова е рангот на македонскиот фудбал и треба да се признае. Мислам дека моите играчи беа премногу импресионирани од Ливерпул. Јас во одредени делови од мечот сум задоволен како игравме, но кажав, ние ќе го дадеме максимумот, но ќе видиме дали е тоа доволно или не, а се покажа дека против Ливерпул е недоволно“, рече Стратев.

Реванш мечот се игра наредниот четврток во Ливерпул.

Ohridnews