Фудбалскиот клуб Работнички вечерва ќе го игра натпреварот на својата историја. Противник е славниот Ливерпул и се е подготвено за спектаклот.


Отпечативме 22.000 влезници, сите се нумерирани со специјален жиг и сите се продадени. Нема гратиси, дури и спонзорите си ги купуваа влезниците  и очекуваме голема поддршка од трибините. На Ливерпул му се испратени 1.157 влезници, а акредитирани се 80 новинари“, рече Игор Ангеловски спортски директор на Работнички.

Тренерот на „романтичарите“ вети дека фудбалерите ќе одиграат најдобро што можат.

Ливерпул е шлагот на тортата, и ова ќе биде голем спектакл. Во составот нема да менувам ништо. Концепцијата може да се менува зависно од резултатот во самиот меч. Ќе започнам отворено со  формација 4-3-3 со Вандаир, Зе Карлос и Фабио Силва во нападот, но двајца од нив ќе мора да помагаат и во средината. Ќе се обидеме да не загубиме, но ова е фудбал и се е можно“,рече тренерот Зоран Стратев.

Тој додаде дека не ветува пласман понатаму, но дека тимот ќе се обиде да одигра најдобро што може и да постигне позитивен резултат“.

Капитенот на Работнички Никола Глигоров капитен посакува Ливерпул да игра во најсилниот состав.

Натпреварот започнува во 20.45 часот. Влезовите на арената „Филип Втори“ ќе бидат отворени во 18,20 часот, а ќе бидат затворени во 19,45, еден час пред почетокот на мечот.

Ohridnews
извор “Makfax“