Вкупно 25 погодоци на четири мечеви постигнаа стрелците во петтата рунда во Општинската фудбалска лига. По седум голови имаше на мечевите Лешани – Рудар (1-6) и на Славеј – Вулкан кој заврши корист на домаќините (4-3). Шест вкупно имаше на дуелот помеѓу Дебрца – Св. Петар (5-1), а четири на средбата Вапила – Лакочереј (2-2).
Резултати: Вапила – Лакочереј 2-2, Лешани – Рудар 1-6, Славеј – Вулкан 4-3, Дебрца – Св. Петар 5-1.
Табела: Славеј 12, Рудар 12, Дебрца 9, Вулкан 7, Св. Петар 6, Лешани 3, Лакочереј 2, Вапила 1.
OhridNews