Гино Стрезовски е нов селектор на женската ракометна репрезентација на Македонија. Деканот на Факултетот за физичка култура ја доби довербата од федерацијата да го врати националниот состав на големата сцена.


Стрезовски кој имаше конкуренција во имињата на Магдинчев, Глигоров, Нишевиќ, Чурлевски и Марковски, е идеален избор според комисијата во РФМ , која очекува да и се врати сјајот на една од најуспешните македонски национални селекции.

Во декември репрезентацијата треба да го почне новиот квалификациски циклус за СП 2011 година во Бразил. Претдквалификациите ќе се играат турнирски, а Македонија е во групата со домаќинот Грција, Швајцарија и Азербејџан, само првопласираниот ќе обезбеди пласман во баражот во јуни.

Стрезовски во 2006 година последен пат беше на селекторската функција, но, кај мажите. Тогаш не успеа во квалификациите за СП 2007, а пред почетокот на новиот квалификациски циклус поднесе оставка.

OhridNews