Ракометарите на Охрид во недела ја пречекуваат екипата на Еурофарм Пелистер во рамки на 17-то коло од Супер лигата.

Во недела не чека тежок натпревар против Пелистер. На нас е добро да се подготвиме и на натпреварот да оставиме срце на терен. Натпреварот сигурно ќе биде многу интересен, затоа ги повкувам сите наши навивачи да ни се придружат на последниот домашен меч оваа година и да ни помогнат да стигнеме до што подобар резултат, изјави ракометарот на ГРК Охрид, Тилен Стрмљан.

Натпреварот се игра со почеток во 18 часот во салата „Билјанини извори“.

OhridNews