Стручното истражување на Градежниот факултет во Скопје покажало одлична звучна изолација на објектот. Анализата, за изработка на магистерска теза, покажала дека ваквата звучна изолација се должи како на висококвалитетните вградени материјали, така и на висококвалитетната и стручна изведба на објектот, што е стандард во градењето на сите објекти на „Адора Инженеринг“. Мерењата потврдиле дека елитниот станбено-деловен објект Скопје-Центар-Под Водно, покажал најдобри резултати на звучна изолација од сите испитани објекти, опфатени со истражувањето.












