Институциите потврдија дека струен удар е причина за смртта на актерот Ванчо Петрушевски, кој трагично го загуби животот вчера додека работел на својата викендица во Орешани.

„На 25.08.2018 година било пријавено дека околу 13.20 часот во село Орешани, скопско, И.П.(67) од Скопје, додека работел качен на метална скала со електричен заварувач на пластични цевки, го удрило струен удар и истиот починал на местото на настанот. Извршен е увид. За настанот е известен Јавен обвинител.“ – соопшти МВР.

OhridNews