ЕВН Македонија и Црвениот Крст почнаа да ја реализираат новогодишната хуманитарна акција „Да споделиме радост“ во која обезбедија новогодишна претстава и пакетчиња за над 700 деца низ цела Македонија.
Децата од социјално загрозените категории, децата со пречки во развојот и инвалидитет, штитеници на домови за грижа на деца, згрижувачки центри за деца од улица и други ранливи категории од повеќе градови низ земјава ќе имаат можност да уживаат во новогодишни претстави, фотографирања со „Дедо Мраз“ и новогодишни пакетчиња со топла облека: шал, ракавички и капа.
Инаку, хуманитарната акција на ЕВН Македонија и Црвениот крст која трае до 30-ти овој месец, покрај во Скопје продолжува во Стругa, Кичево, Кочани, Штип, Гевгелија и Струмица.
OhridNews