Општина Струга деновиве доби контејнери за селектирање органски отпад во рамките на проектот за намалување на органскиот отпад „SAFЕWASTE CYCLE“. Овие специјални садови за отпад ќе служат за третирање на органскиот отпад од зелениот пазар, парковите и од домаќинствата, како што се остатоците од зеленчук, овошје, гранки, трева, струганици и лисја.

Од таму објаснуваат дека целта на овој проект е преку селектирање и рециклирање на органскиот отпад да се намали количеството отпад во градската депонија.
-Произведениот компост ќе се користи во градската цвеќарница, како и за подобрување на цветните и парковските површини во Струга, појаснуваат надлежните во општината.
Проектните активности од овој проект кои стартуваа во јуни се финансирани од Програмата за прекугранична соработка на Република Македонија и Грција.
Во рамките на овој проект наодамна беше набавена и комлетна заштитна облека и алати за работа.
OhridNews












