Езерото повторно ги спојува стиховите, јазиците и душите на поетите од трите свои брега – Струга, Охрид и Поградец.

Денес  со почеток во 11 часот, во Фоајето на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ – Струга ќе се одржи второто издание на фестивалот „Крајезерски поети“.

Роднокрајните поети ќе ја претворат близината на езерото во поетски мост што ги поврзува Поградец, Охрид и Струга, продолжувајќи ја приказната започната минатата година во Поградец. Оваа година Струга ќе биде тивок сведок на една заедничка поетска приказна; велат од Центарот за култура.

OhridNews