Школата за ракомет на Кирил Лазаров (КЛ7) од Струга и агенцијата која ја води организацијата и реализацијата на школите на Кирил Лазаров низ Македонија, КМГ СПОРТ, се домаќини на овогодинешниот завршен турнир во ракомет за момчиња родени 2002 годниа и помлади.

В сабота во најракометниот град во земјава, Струга, ќе се одржи завршницата во пионерското државно првенство, чии што регуларен дел заврши пред десетина дена во организација на Ракометната федерација на Македонија. Најдобрите четири екипи од регуларниот дел ќе разигруваат за титулата.

Четирите натпревари, двете полуфиналиња и натпреварите за трето и прво место, ќе се играат во спортската сала „Тими“. На Ф4 ќе учествуваат 3 екипи од Скопје и тоа: РК “Алушовски“ , РК “Металург“ и РК “Шампион” како и организаторот на турнирот КЛ7 Струга. Со цел задоволување на стандардите за организација на ваков тип на настани и преставување во вистинско светло, домаќинот мобилизираше голем тим и со полна пареа се завршуваат последните подготовки околу организација на Ф4, со дополнителен мотив плус по освоеното трето место на КЛ7 Струга во младинска конкуренција изминатиот викенд.

Редоследот на натпреварите е следен :

10:30ч КЛ7 Струга – РК Алушовски

12:00ч РК Металург – РК Шампион

16:30ч Натпревар за трето место
18:00ч Финален натпревар

OhridNews