Со потпишување на „Меморандум за соработка“ од страна на градоначалникот на Струга, Зијадин Села деновиве официјално започна постапката за основање на Независен локален младински совет кој ќе функционира во оваа општина.

Процесот за формирање на младинскиот совет во Струга го координира струшкото Здружението за развој и активизам „Аква“, а на национално ниво кооринатори се Младинскиот образовен форум од Скопје и Центарот за меѓукултурен дијалог од Куманово.

Активностите се дел од проектот „Развој на локални младински политики и локално младинско учество во 12 општини’ кој е финанисиран од ИПА-Програмата на Европската Унија.

Главна цел на проектот е да се зајакнат капацитетите на младинското здружување на локално ниво, нивно формално препознавање од страна на општините, како и заедничка работа за унапредување на младинските политики на локално ниво, преку развој на младински активизам, младинска работа и младинско учество во процесите на носење на одлуки.

OhridNews