По вчерашната елиминација на Шкендија и Македонија Ѓорче Петров, бројот на македонски екипи на европската клупска сцена се преполови на две пред жрепката за третото коло во Конференциската лига на која в понеделник Струга и Шкупи ќе ги дознаат можните противници.

По триумфот пред една недела во Скопје од 1-0, Шкендија со идентичен резултат загуби на реваншот во Кардиф, а велшкиот тим беше поуспешен при изведувањето пенали со 3-2.
Претходно Македонија ЃП загуби на реваншот во Рига со 4-1 и со вкупен резултат од 5-1 го заврши настапот сезонава на европската сцена.
Настапот во најмладото европско клупско натпреварување го продолжуваат шампионот Струга која в среда во Охрид го пречекува црногорски Будуќност, додека Шкупи в четврток во Скопје ќе биде домаќин на првиот натпревар против бугарски Левски.
Жрепката за третото коло во Лигата на конференции е закажана за в понеделник во седиштетот на УЕФА во Нион од 14 часот.
OhridNews










