Свечена литија со моштите на Св. Ѓорѓи Победоносец ќе се одржи во понеделник  во Струга, по повод празникот Ѓурѓовден.

Од Дебарско кичевската епархија информираат дека свечениот дочек на моштите на Св. Ѓорѓи од истоимениот манастир во Рајчица, ќе се одржи во 16 часот, а во 17 часот започнува литијата со носење на светите мошти и чудотворната икона на Св. Ѓорѓи низ улиците на Струга.


Со светата богослужба ќе началствува Високопреосвештениот митрополит г.Тимотеј, кој и ќе ја предводи свечената литија заедно со свештенството и монаштвото на Бигорската обител.

OhridNews