Општина Струга ќе ги реновира сите постоечки автобуски постојки на подрачјето на целата општина, додека на местото на оштетените ќе бидат поставени нови, најавија од локалната самоуправа во Струга.

Распишан е и тендер за поставување нови автобуски стојалишта и во селските средини.

Од локалната самоуправа велат дека поставувањето на автобуските постојки во селските средини ќе се изведува во два дела.

Најпрво ќе бидат уредени оние во поголемите селски средини, каде фрекфентноста на патиници е поголема, додека понатаму и постојките во планиските села кој се поодалечени од градот.

OhridNews