Денеска, тим од Општина Струга го започна претставувањето и промоцијата на градот на Меѓународниот саем за туризам во Истанбул.

Нашата општина го дели заедничкиот штанд со Општина Дебар, а воедно се промовираат и туристички материјали од хотелиерите и локалните тур-оператори кои одговорија на нашата покана за соработка. Преку учеството на вакви меѓународни саеми, Општина Струга има за цел да го промовира туризмот како клучна гранка за економскиот и културниот развој на нашата општина, претставувајќи ги природните и културните потенцијали, како и гостопримството по кое сме препознатливи, потенцираат.
OhridNews














