НВО „Интегритет АО“, организатарот на минатогодишната триатлон трка во Охрид, наместо во Охрид, годинава се одлучи трката да ја пресели во Струга. Одржувањето на првиот триатлон натпревар во Охрид беше прв чекор во актуелизирањето на овој спорт во Македонија и негово традиционално одржување секоја година.
минатогодишниот победник – Попоски
– Ваквите настани претставуваат вистинско освежување бидејќи доаѓаат како бран на новитет, на промоција, на ексклузивитет, едноставно како бран на промена, особено кога се доживува интензивната потреба од спортски настани кои ќе го задоволат огромниот апетит на македонската публика. За прв пат, Македонија покажа дека има капацитети да се носи со еден ваков предизвик со еден ваков настан кој ја збогати историјата на македонскиот спорт. Оваа трка ни го отвори патот слободно и без никакви стеги да се пофалиме дека и Македонија е плодно тло за создавање на авангардни настани кои ветуваат многу – велат од “Интегргитет АО“
И овој пат триатлонот ќе вклучува рекреативна категорија за сите оние кои ќе сакаат да ги испробаат своите можности. Дистанците за рекреативната категорија се:
– пливање 100 метри – возење велосипед 5.000 метри – трчање 1.250 метри.
додека пак дистанците за професионалната категорија се од стандардната триатлон спринт категорија и тоа:
– пливање 750 метри – возење велосипед 20.000 метри – трчање 5.000 метри.
Триатлонот како спорт опфаќа три дисциплини – пливање, трчање и возење
велосипед. На оваа триатлон трка може да учествуваат професионалци, но и
оние кои рекреативно го применуваат овој спорт.
Свесни сме сите дека не чека еден голем предизвик, тоа е екипата на Вардар кои се фаворити на натпреварот, посебно што играат во Скопје, вели тренерот на ГРК Охрид Борис Ројевиќ пред саботниот меч ...
ГРК Охрид во сабота гостува кај екипата на Вардар во рамки на третото коло од ракометната Супер лига Во Скопје како и против Алкалоид доаѓаме мотивирани Вардар е добра екипа со физички силни играчи...
На покана на стрелачкиот клуб „Стрелба” од Варна стрелците од двата стрелачки клубови од Охрид-СК „Охрид” и ЖСК „Лихнидос” настапија на Интернационалниот турнир „THE GOLDEN SHOT“, натпреварувајќи с...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.