Општина Струга ќе го менува плочникот на чаршијата која комплетно беше реконструирана на почетокот од осумдесетите години од минатиот век. Неодамна локалната самоуправа распиша тендер кој ќе биде повторен затоа шпто пристигнале несоодветни понуди.

-Димензиите на плочките кои беа понудени од пријавените на тендерот не одговараат на потребите затоа што беа со помала дебелина, а во чаршијата поминуваат и камиони за дотур на стока поради што е потребно да се внимава и на тој детаљ. Затоа тендерот го поништивме и во тек е постапка за нов тендер, изјави градоначалникот на Струга Рамиз Мерко.

Струшката јавност е резервирана во однос на иницијативата на градските власти за реконструкција на чаршијата, бидејќи, според неа, во општината постојат многу поприоритетни прашања за решавање, пред се изградба на патна инфраструктура и подобрување на јавната чистота. Градоначалникот Мерко, пак, вели дека одлуката за замената на плочникот на чаршијата е оправдана и е резултат на направени анализи.

-Формиравме Комисија за таа намена и сметаме дека со реконструкцијата на чаршијата правиме нешто подобро, истакна Мерко.

Слична иницијатива пред окмолу десет години спроведе соседната општина Охрид, каде и дене се водат жестоки полемки за реконструкцијата на чаршијата, која според јавноста со вадењето на старите камени коцки ја изгуби автентичноста.


Дел од извадениот камен сега стои растурен и обраснат со трева во студенчишкото блато во близина на јавното комунално претпријатие, од каде велат дека материјалот соодветно се користи.

-Дел од каменот кој беше изваден од старата охридска чаршија веднаш беше пратен на преработка со цел да се добијат обработени апликации за понатамошна употреба, дел беше искористен за поплочување на улицата „Цар Самуил“, а другиот дел е  депониран во ЈП „Охридски Комуналец“ и ќе се употребува за поплочување на улици во стариот дел на градот, истакна директорот на „Комиуналец“, Сашо Алчев.


Според најавите преостанатот камен кој беше изваден од старата охридска чаршија ќе биде употребен при реконструкција на малиот плоштад во комплексот на црквата Св. Богородица Перивлепта.

OhridNews