Струга им подготвува свечен дочек на ракометните херои кои достоинствено ги бранеа боите на македонската репрезентација на Европското првенство во Србија.

На четворицата репрезентативци кои потекнуваат од струшката ракометна школа, браќата Наумче и Златко Мојсоски, Велко Маркоски и Ацо Јоноски денеска ќе им биде приреден величествен пречек. За постигнатиот успех, петто место во ракометна Европа, ќе им биде врачено  признание, и ќе им биде  оддадена благодарност за нивниот придонес во остварување на големиот спортски резултат.

Како што информираат  организаторите, Организационен одбор при Меѓународен ракометен турнир Струга 2012, дочекот на ракометните репрезентативци е закажан за 15.30 часот во близина на кружниот тек кај хотелот Дрим.

OhridNews