В сабота со почеток во 18:30 часот во Скопје, екипата на Струга ќе ја одигра бараж средбата со ракометниот клуб Битола за влез во Супер лигата.



– Екипата е подготвена за предизвикот кој е исправен пред неа. Знаеме што значи да се пласираме во Супер лигата за ракометот во Струга. Екипата ќе даде максимум да го направи тоа и струшкиот ракомет да се врати каде што му е местото –
рекоа неодамна од клубот.

Регуларната сезона струшките ракометари ја завршија на вицешампионската позиција, веднаш зад Радовиш, кој директно се пласираше во елитата.

Мх.П.