Општина Струга со свој изложбен простор учествува на престижниот меѓународен саем за туризам World Travel Market (WTM) London 2026, кој се одржува од 3 до 5 ноември во Лондон, Обединетото Кралство.

Во рамки на првиот саемски ден, Струга ги претстави своите туристички потенцијали, природните убавини, богатото културно-историско наследство и можностите за развој на различни форми на туризам.

Учеството на овој значаен меѓународен настан, во рамки на активностите на Министерството за култура и туризам, претставува можност за промоција на Струга пред меѓународната туристичка јавност, воспоставување нови контакти и отворање перспективи за соработка со туристички оператори и партнери од целиот свет. Нашата цел е Струга да биде препознатлива туристичка дестинација, која со својата автентичност, традиција и природни богатства има што да му понуди на светот, велат од Општина Струга.

OhridNews