Со петте денешни натпревари од првото коло почна новата сезона во Првата македонска фудбалска лига. Шампионот Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога против Гостивар.

Домашниот терен го одбранија уште и АП Брера, Брегалница и Тиквеш, додека единствено Шкендија ги освои бодовите на страна.

Резултати 1. коло во ПМФЛ сезона 2023/24:

АП Брера Струмица – Вардар 1:0
Брегалница – Силекс 2:1
Струга ТЛ – Гостивар 2:0
Тиквеш – Македонија ЃП 1:0
Воска Спорт – Шкендија 0:1.

OhridNews