Ракомениот клуб Струга со скор од девет победи и четири порази есенската полусезона во Првата машка ракометна лига ја заврши на третата позиција.
Стружани кои настапуваат исклучиво со свои ракометари заедно со есенскиот шампион Бутел и новиот проект Металург Јуниор се вистинско освежување во македонскиот ракомет.
Струшкиот клуб полека се враќа во препознатливиот сјај и со одредени вложувања кои се во најава повторно ќе биде извор број еден во Македонија за ракометни таленти и репрезентативци.
Во пролетната полусезона Струга за цел ќе има да го стигне Металург Јуниор кој се наоѓа на втората позиција на табелата. Тоа место води во бараж мечот за влез во Супер лигата. Ракометниот клуб Бутел по 13-ет одиграни натпревари има исто толку победи и веќе со една нога има обезбедено суперлигашки билет.
OhridNews