Фудбалскиот клуб Струга Трим Лум се закити со титулата есенски шампион во Втората македонска фудбалска лига-запад. Избраниците на Јетон Беќири првото место на табелата го одбранија во Гостивар победувајќи го истоимениот состав со 2-1 во последната рунда од првата полусезона.
Стружани голем дел од работите околу победникот решија во првото полувреме во кое постигнаа два погодоци. Во 16-та минута Нијаз Лена погоди од белата точка, а во 35-та Аљтин Лога зголеми на 2-0. Домашните фудбалери на стартот од вториот дел намалија 2-1, но струшката одбрана не попушти и покрај големиот притисокот и забележа значајна победа.
Во преостанатите мечеви од последната рунда во Втората МФЛ, Велазереми – Скопје одиграа без голови 0-0, Кораб со 3-0 го совлада Генч Калемлер, а Пелистер минимални со 1-0 славеше против Тетекс. Екипата на Лабуништа со дуелот против Гоблен Јуниор ќе го комплетира колото и ќе ја спушти завесата во второлигашката конкуренција.
OhridNews