Екипите на Гостивар и Струга Трим Лум со седнување на тревникот на почетокот од натпреварот го искажаа незадоволството од судењето во Втората македонска фудбалска лига-запад и третманот од куќата на фудбалот (ФФМ).
Стружани бурно со неколку соопштенија и видео материјали реагираа за судењето после мечот со Македонија Ѓорче Петров во Струга, кој гостите го добија со 2-1. Натпреварот во Гостивар им припадна на домаќините со 4-2, но грутката во грлото за мечот со „лавовите“ во Струга останува во клубот.
Струга Трим Лум сезонава има улога на дебитант во Втората лига и заедно со тимот на Лабуништа кој имаше серија од 14 мечеви без пораз се најпријатните освежување во македонскиот второлигашки фудбал.
OhridNews