Според стружани, ова не е прв пат за време на државен празник јарболите да се празни и да нема државни знамиња како што налага законот.
– Така е е од 2004 година, кога со Законот за територијална организација општините Струга, Велешта, Лабуништа и Луково се споија во една. Треба да има знамиња, сепак е државен празник, коментираат тие.
Со реакција и од општинската ВМРО- ДПМНЕ Струга, каде сметаат дека станува збор за пропуст на градоначалникот и дека надлежните институции треба да реагираат.
-Градоначалникот Села си го покажа вистинското лице. Се она што кажуваше по изборите дека ќе биде градоначалникот на сите граѓани на Струга паѓа во вода. Со овој потег тој на некој начин го изреволтира македонското население кое што живее тука.-велии Перо Петкоски -ОК ВМРО ДПМНЕ.
Градоначалникот на општина Струга, Зијадин Села, вината за направениот пропуст ја префрла на јавното комунално претпријатие. Села изјави дека пропустот ќе биде корегиран и дека во текот на денот ќе бидат поставени државни знамиња низ улиците на Струга.