
Иако ЕВН уште пред два месеци побара поскапување на електричната енергија за околу 8%, постојат изгледни можности цената на струјата да биде намалена. За колку евентуално таа ќе поевтини, ќе се знае по разгледувањето на извештаите за трошоците во работењето на ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО. Рокот за поднесување на тие извештаи истекува денеска, а евентуалната корекција на цената на електричната енергија може да се очекува во јуни. Според Регулаторната комисија постојат услови за намалување на цената на електричната енергија, доколку трошоците за нејзино производство и пренос се намалат за повеќе од 5 %.












